ЕЛЕНА ЛУКА Giveaway: Стефанија Алексов од Штип е среќната добитничка на ексклузивниот ваучер од 1000 евра

14 октомври 2023

Стефанија Алексов од Штип, студентка на петта година на Медицински факултет, е среќната добитничка на ексклузивниот Giveaway ваучер во вредност од 1000 евра, што модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА го организираше минатиот месец.

Оваа исклучително вредна награда вклучува изработка на уникатна, „custom made" креација во вредност од 1000 евра која што ЕЛЕНА ЛУКА ќе ја креира специјално за среќната добитничка.

Нашата драга ЕЛЕНА ЛУКА, на почетокот на месецот онлајн по случаен избор ја одбра Стефанија како среќна добитничка, а денеска и официјално во ателјето на брендот во Скопје ѝ ја врачи наградата.

„Навистина ми е драго што токму Стефанија, една прекрасна дама, е добитничка на овој исклучително вреден подарок. Сакам да ѝ честитам на Стефанија и сигурна сум дека ќе дизајнираме една посебно уникатна креација за неа која истовремено ќе ѝ биде и прекрасен спомен", изјави ЕЛЕНА ЛУКА.

Стефанија, која не ја криеше возбудата, изрази огромна благодарност до ЕЛЕНА ЛУКА и целиот нејзин тим.

„Чест ми е, навистина сум возбудена и среќна што токму јас сум добитничката на оваа награда со посебна вредност. Сакам да се заблагодарам на целиот тим на ЕЛЕНА ЛУКА за прекрасниот пречек, за уникатниот Giveaway и сигурна сум дека ќе направат прекрасна креација што за мене ќе има посебно значење", изјави Стефанија.

Следниот период во ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА, ќе се случува вистинска модна магија, кога за Стефанија ќе се креира уникатна тоалета од соништата, а ние со нетрпение очекуваме да го проследиме целиот процес.

Објавено:
14 октомври 2023
Категорија: 
Актуел
Тагови: 
Елена Лука Giveaway