Кичево
Се ѐ спремно, вечерва започнува најрадосниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ на градскиот плоштад во Кичево

Почитувани, со голема радост како што ви најавивме тука, Ве известуваме токму сега, се ѐ спремно за старт на овогодинешниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево. Од денес (четврток) со почеток од 18:00ч, се до после Божик, покрај најубавата елка и најубавиот Божикен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град – ќе имаме одлична програма и многу забава.
Денес започнуваме со најинтересните маскоти за најмладата публика, заедно со звуците на нашиот голем пријател, кичевскиот музички промотор DJ „Vix Alex“, а на програмата ќе имаме богата лотарија, разновидни пијачки и храна, додека дечињата од основните училишта во Кичево ќе ни приредат вистинско уживање за успешен старт на „Хуманитарниот Божиќен Базар 2025“
Ве очекуваме вечерва, бидете дел, 18:00ч гратски плоштад – Кичево, така што деновите потоа следат големи изненадувања!!!
Кичево
Кичевските села Поповјани, Премка и останатите без вода за пиење поради дефект на водоводна цевка

ЈП „Комуналец“ – Кичево ги известува сите корисници на вода за пиење дека ќе има прекин во снабдувањето, поради дефект на главната водоводна цевка на ЈП „Студенчица“, која го снабдува со вода КХЕ „Осломеј“ и околните села, од денес, сабота 19.07.2025, ќе има прекин во водоснабдувањето до целосно отстранување на дефектот.
Без вода за пиење ќе останат следните села: Гарани, Шутово, Премка, Црвивци, Србица, Аранѓел, Поповјани, Јагол, Колибари и Длапкиндол.
Екипите на КХЕ „Осломеј“, ЈП „Студенчица“ и ЈП „Комуналец“ се на терен и работат на што побрзо санирање на дефектот, стои во соопштението за јавноста на ЈП „Комуналец“ – Кичево.
Извор: ЈП „Комуналец“ – Кичево
Кичево
Вчера на маг.пат Кичево-Гостивар била удрена жена пешак, се здобила со тешки телесни повреди

Вчера 18.07.2025 година во 09:05 часот, на крстосницата меѓу локален пат кај кичевското село Зајас и магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода во која, патничко возило „Ауди“ управувано од А.С. (28) од кичевското село Колибари, удрило во пешакот Р.А. (38) од Зајас.
Таа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Општата болница во Кичево каде се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи од ОВР Кичево, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
-
Кичево1 ден
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Кичево6 часа
Вчера на маг.пат Кичево-Гостивар била удрена жена пешак, се здобила со тешки телесни повреди
-
Македонија1 ден
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Хроника1 ден
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот
-
Македонија2 дена
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Свет2 дена
Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!