Поврзете се со нас

Италија

Чалханоглу ќе бара од Интер да му го олесни посакуваниот трансфер

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Галатасарај се обидува да го добие Хакан Чалханоглу уште ова лето и турскиот клуб веќе ја зголемил понудата од 10 на 15 милиони евра, но таа е далеку од проценката на Интер за вредноста на турскиот репрезентативец.

Разликата во сумите е голема, но желбата на Чалханоглу да се врати во својата земја исто така не е за потценување, како и платата која му е ветена од Галатасарај.

Плејмејкерот на Интер би добивал по 10 милиони евра по сезона за да стане нов лидер во средниот ред на составот од Истанбул, нешто што дефинитивно делува како дополнителен предизвик за фудбалерот.

Турските медиуми најавуваат дека самиот Чалханоглу ќе иницира разговор со раководството и ќе побара попуст за Галатасарај, односно намалување на сумата, со што и трансферот би се комплетирал полесно и побрзо.

Олеснителна околност за плејмејкерот е што Интер не плати отштета за неговото доаѓање од градскиот ривал Милан, но прашање е дали европскиот вицешампион ќе му ја исполни желбата и ќе му го олесни патот кон Истанбул.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни