Полицијата соопшти дека синоќа во 22:00 часот, од Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ во Скопје беше пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А. (38) од Скопје. Неговото повредување, како и на неговиот брат, се случило при обид да спречат физичка пресметка пред фитнес клуб во Чаир.
Браќата биле веднаш пренесени во здравствените установи – И.А. во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а А.А. во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.
Во врска со случајот, во болницата подоцна се пријавил и 25-годишниот Б.Р. од Скопје, кој во службен разговор изјавил дека бил нападнат од А.А., додека пак браќата тврделе дека биле нападнати од Б.С. и А.С.
На самото место, увидна екипа на СВР Скопје извршила увид и, како што е наведено, пронашла бела прашкаста материја, која е испратена на понатамошна анализа.
-Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, идентификација на сите инволвирани лица и утврдување на мотивите, велат од МВР.