• Саше Љолес
Францускиот ПСЖ обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите и ќе ги одмери силите со екипата на Интер.
„Светците“ од Париз прикажаа одлични игри во досегашниот дел од сезоната и заслужено се во мечот за трофејот, а сега угледниот Л'Екип објави и колку овој успех ќе значи за клубот во финансиска смисла.
ПСЖ досега од Лигата на шампионите заработи 138 милиони евра, а оваа сума може да порасне за уште 10,5 милиони ако успее да ја освои шампионската титула. Најголем дел од средствата доаѓаат од премиите на УЕФА, ТВ-правата и продажбата на влезници.
Гигантот од Париз ќе има шанса на 31 мај да се бори за својата прва титула во историјата, додека Интер ќе го „брка“ четвртиот трофеј, прв после 2010 година, кога ја освои фамозната „триплета“.