Утрински Весник
Македонија

Ивановски: Новата пруга Скопје – Гевгелија ќе се гради по меѓународните ФИДИК правила

Pruga bugarija.jpg

Директорот на Јавното претпријатие Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во вечерашната емисија „Бизнис21“ на ТВ21, информираше дека изградбата на новата железничка пруга Скопје – Гевгелија ќе се одвива според меѓународно признатите ФИДИК правила (FIDIC – Меѓународна федерација на инженери-консултанти).

„Оваа пруга ќе се гради по ‘ФИДИК’ односно меѓународни правила на градење, кој што се користат во Америка, Британија, Финска, Чешка, Кина… Тоа се правила на градба, може да биде проектирање на државата, односно да даде готов проект па тој што ќе изведува утре, по тој проект да работи, ама тука има многу ризици. Ние одиме и проектирањето и изведбата да бидат целосна одговорност на фирмата изведувач. Праксата кај нас вели дека тоа е побрз, но и поевтин начин“, вели Ивановски.


Можете да прочитате

СДСМ: Поради дефект на водоводна цевка се суши тутунот во Прилепското поле

Најмногу дожд во Лазарополе и Охрид, нестабилно време и денеска

Влада: 50тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи