• Зоран Мишевски
Репрезентацијата на Македонија до 16 години на почетокот на јуни во Зеница ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Драган Начевски за претстојните контролни натпревари со Босна и Херцеговина се одлучи да повика пет интернационалци и најдобрите фудбалери од домашните клубови.
Гoлмани:
Даријан Денковски (Шкендија)
Ринор Цека (Шкендија)
Амин Ауловиќ (Парк)
Одбрана:
Стефан Јордановски (Брера)
Марко Иванов (Копер, Словенија)
Анес Бајрами (Шкупи)
Филип Цветковски (Вардар)
Адријан Велески (ФФМ Академија)
Тео Стојчевски (Вардар)
Среден ред:
Лука Кнежевиќ (Македонија Ѓ.П.)
Бленди Љачка (Фенербахче, Турција)
Сонер Ракипи (Шкендија)
Марко Мирчевски (Охрид)
Лука Георгиески (Брера)
Александар Полимац (Партизан, Србија)
Лука Лазаревски (Македонија Ѓ.П.)
Иса Мустафа (Парк)
Напад:
Ердин Мамути (Работнички)
Фадиљ Исламовиќ (НК Загреб, Хрватска)
Васко Папалиски (Парк)
Јаков Стојковски (Падерборн, Германија)
Антонио Сталески (Брера)
Првиот контролен дуел ќе биде одигран на 6 јуни со почеток во 17:00 часот. Вториот контролен меч на програма е на 8 јуни со почеток во 11:00 часот.