Свет

Нетанјаху: Ќе ги погодиме сите цели во Иран

Нетанјаху додаде дека Израел веќе „нанел многу тежок удар“ врз главниот нуклеарен објект на Иран.

Нетанјаху: Ќе ги погодиме сите цели во Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во денешното видео-обраќање изјави дека Израел „ќе ги погоди сите цели“ на иранскиот режим.

-Во многу блиска иднина, ќе ги видите израелските авиони, израелските воздухопловни сили, нашите храбри пилоти, над небото на Техеран, рече Нетанјаху.

– Ќе ги погодиме сите локации и сите цели на режимот на ајатолахот, додаде израелскиот премиер. Тој истакна дека целта на Израел е да ја елиминира „двојната закана“ од Иран, мислејќи на нуклеарните способности и арсеналот на балистички ракети на Техеран.

Нетанјаху додаде дека Израел веќе „нанел многу тежок удар“ врз главниот нуклеарен објект на Иран.

– Го погодивме објектот за збогатување ураниум, кој е клучен за производство на бомби. Исто така, го елиминиравме водечкиот тим научници што ги предводат овие проекти. Ова сигурно ќе ги врати назад, а можно е да ги врати и за многу години, изјави тој.

To top