Намалување на детската популација и сиромаштија – алармантни податоци за Македонија

од Љубиша Владимиров
53 прегледи

Македонија се соочува со сериозни демографски и социјални предизвици, покажува најновата анализа на УНИЦЕФ. Детската популација е намалена за 18% од 2011 до 2023 година, а стапката на наталитет изнесува само 1,5 деца по жена – значително под потребното ниво за одржување на популацијата. Дополнителен проблем е масовното иселување на млади луѓе.

Иако детската смртност е значително намалена (од 5,2 на 1,8 ‰), таа и понатаму е под просекот на регионот и ЕУ. Ромските деца живеат во најтешки услови и се соочуваат со системска дискриминација, а многу семејства немаат пристап до основни услуги.

Образованието исто така е загрижувачко – резултатите на учениците се под меѓународниот просек, особено во математика, читање и науки, според PISA тестирањето. Само една третина од учениците го достигнуваат основното ниво на знаење.

Слични содржини