Ракомет во полуфиналето на младинскиот ракометен Ф4 во Келн

Ракометните младинци на Е.Пелистер против ГОГ Гудме

Ракометните младинци на Е.Пелистер против ГОГ Гудме

Младинците на македонскиот ракометен шампион на квалификацискиот турнир во Букурешт извојуваа две победи и се пласираа во Келн.

Избраниците на Мемиќ и Митревски кон средината на јуни ќе ја почувствуваат атмосферата на еден голем ракометен собир во Келн, а во полуфиналето за противник ќе го имаат младинскиот тим на ГОГ Гудме.

Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Веспрем и Барселона. Термините и саатниците за полуфиналните натпревари ќе бидат познати во следните денови. Завршниот турнир во Келн е закажан за на 14 и 15 јуни

To top