17.05.2025 00:25
Македонија

Одбележана 21 година од смртта на претседателот Борис Трајковски

На денешен ден во 2004 година, во авионска несреќа близу Мостар-Б и Х, животот го загуби вториот претседател на Македонија, Борис Трајковски, заедно со членовите на неговиот кабинет, обезбедувањето и екипажот на авионот „ Кингер“. По тој повод, денеска во алејата на великаните, на градските гробишта – Бутел во Скопје, венци и свежи цвеќиња на гробот на Трајковски, положија и се поклонија:  Членовите на неговото потесно семејство, претседателката Гордана Силјановска- Дафкова и делегации од Собранието, владата, од опозицијата, од АРМ, дипломатскиот кор, од општините и граѓани од Струмица- родниот град на Трајковски.

Покрај Скопје, 21- годишнина од трагичната несреќа на Трајковски, во присуство на делегации беше одбележана и на неговите спомен – обележја во Струмица и Ротимље.

Владиниот „Кингер“ со кој Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање, на 26 февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо, кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар.  Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето.

Според првата истрага што ја водеа  македонски и босански органи, причина за уривањето на авионот се пропусти на екипажот, направени во процедурата за приоѓање на аеродромот во Мостар, во услови на густа магла и облачност. Па, на барање на македонските власти и по собирање на дополнителните докази од  македонската полиција, беше отворена нова истрага во јануари 2013 година. Неа ја водеше меѓународен тим. А,  во нивниот извештај, како клучни причини за несреќата беа наведени грешки на екипажот и системски пропусти.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе