Работнички потпиша со супер-талентот од Ц. Звезда, Васко Василев

Подготвувајќи се за новата сезона, Работнички потпиша тригодишен договор со македонскиот младински репрезентативец Васко Василев.

21-годишниот Василев, кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, но како екстра-талентиран уште на 14-годишна возраст се приклучи на академија на белградска Црвена Звезда сега доаѓа во редовите на Работнички за настапите во Конференциската лига на УЕФА.

Василев ги мина сите младински категории на Црвена Звезда, а беше дел и од тимот до 23 година на португалски Рио Аве, пред во 2023 да потпише за Гостивар од каде сега доаѓа во Работнички. Сега е стандарден првотимец и во младата репрезентација на Македонија предводена од Горан Станиќ.

Се вчитува...