Спорт
(Видео) Дивјачки прекршок на Нан, Фурние исклучен

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос во „ОАКА“ Арената со 99:88 и поведоа со 2:1 во финалната плејоф серија од грчкото првенство.
Тимот од Пиреја една победа го дели од титулата, а ќе има можност да дојде до неа пред своите навивачи во салата „Мир и пријателство“ за два дена.
Третиот натпревар од серијата, да потсетиме, се играше во нов термин откако грчката влада ја суспендира серијата, поради инцидентите, на и вон теренот, во вториот натпревар.
Дури откако челниците на двата клуба беа на „пеење“ кај министерот за спорт, серијата продолжи. Сепак и третиот меч не можеше да мине без инциденти.
Врвот на нервозата се случи на почетокот на последната четвртина, во моментот кога гоститестекнаа убедлива предност.
Кендрик Нан го запре Еван Фурние во контранапад, на див и неконтролиран начин. Фурние заврши во рекламите, но возврати штом стана.
Натпреварот беше прекинат десет минути, додека страстите на теренот и на трибините не се смирија.
Имаше индикации дека судиите ќе го прекинат и овој дуел бидејќи навивачите на Панатинаикос од првите редови се обидоа да се справат со францускиот кошаркар кој одговори на провокациите.
Фурние беше исклучен поради неспортско однесување, а интересно тоа не се случи со Нан.
Tension between Kendrick Nunn and Evan Fournier
#basketballmaniacs #basketball #paobc #olympiacosbc #greece pic.twitter.com/B5BqN7h2xQ
— Basketballmaniacs_ (@bballmaniacs_) June 6, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Коболи откри што му кажал Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Флавио Коболи играше во своето прво четвртфинале на Гренд слем против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, губејќи со 7:6, 2:6, 5:7, 4:6 за три часа и 11 минути.
Ѓоковиќ така закажа дуел со ривалот на Коболи и моментално најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, додека на Флавио му останаа само спомени од ова четвртфинале.
Кога натпреварот заврши, двајцата тенисери се поздравија на мрежата, а новинарите беа заинтересирани што му рекол Ѓоковиќ на Коболи.
„Кога се поздравивме на мрежата, тој ми рече дека наскоро ќе влезам во Топ 10 на АТП листата и дека ќе бидам таму многу години“, откри Коболи.
Флавио го победи Марин Чилиќ во осминафиналето за да закаже дуел со најуспешниот тенисер на сите времиња, но не можеше да го победи Ѓоковиќ за да стигне до историското полуфинале.
Коболи беше 26 поени зад Новак Ѓоковиќ, а имаше 51 винер и 44 неизнудени грешки.
Фото/EPA/
Спорт
Англиските медиуми: Варди е на чекор до нов клуб, останува во Европа

Џејми Варди, легендарниот англиски 38-годишен напаѓач, се збогува со Лестер на крајот од минатата сезона, клубот за кој играше 13 години и каде сензационално ја освои шампионската титула во 2016 година. Оттогаш е без клуб, а интерес за него изразија Ренџерс, неколку италијански клубови, па дури и Саудијците, кои му нудат огромни пари.
Сепак, според последните информации од британските медиуми, Варди треба да остане во Европа и да игра во Петата лига. Валенсија го сака многу, а Англичанецот наводно нема да има ништо против да живее во Шпанија. Тренерот Карлос Корберан, одамна и кажа на управата дека мора да направат сè што можат за да го доведат Варди кај него, а сега го прават тоа. Единствениот проблем, истакнуваат локалните медиуми, може да биде фактот што Корберан го гледа како опција од клупата.
Варди играше за уште два клуба во својата кариера. Тој играше во шестата дивизија со Халифакс и петтата дивизија со Флитвуд Таун пред да се приклучи на Лестер во 2012 година за 1,35 милиони евра. Играше и во втората и во првата дивизија со нив, освојувајќи ги. Во 500 настапи, постигна 200 гола и имаше 71 асистенција, а постигна и седум гола во 26 настапи за Англија.
Спорт
Легендата на Реал Мадрид за заминувањето на Модриќ: Добро е и за играчите и за клубот

Мишел Салгадо (49) е легендарен поранешен десен бек на Реал Мадрид и шпанската репрезентација. Се пензионираше од играњето во 2018 година и веднаш се занимаваше со тренерска работа, главно како асистент. Моментално е тренер на младинската репрезентација на Саудиска Арабија, а во интервју за шпанскиот медиум Ас, ја анализираше изведбата на Реал на Светското клупско првенство, а се осврна и на прашањето за заминувањето на Лука Модриќ.
Кога го прашале дали има повеќе разговори за тактики под водство на новиот тренер Чаби Алонсо, тој одговорил: „Да, денес има многу разговори за тактики, фудбал, посед, транзиции, што можеби не беше случај во последните години. Тоа е затоа што Чаби носи нови идеи. Анчелоти е повеќе од старата школа. Но, се надевам дека Чаби ќе постигне исто толку успех како и Анчелоти.
Мора да бидете благодарни за сè што се случило претходно и да прифатите дека доаѓа некој што го гледа фудбалот поинаку, кој е од различна генерација, кој ја води соблекувалната на поинаков начин. Тоа е добро. Понекогаш работите треба да се менуваат. Промените се добри за играчите и за клубот, сè додека им се заблагодаруваме на оние што си заминале на вистински начин. Истото важи и за темата за Крос и Модриќ. Не можете да зборувате за нив цел живот.“
Салгадо има многу позитивно мислење за турнирот на ФИФА: „Воодушевен сум. Разбирам дека, бидејќи ова е прв пат да се одржува овој турнир, има критики, тоа е нормално. Точно е дека климата и топлината влијаат на играчите, но јас го искусив тоа и во Лигата на шампионите или во Интерконтиненталниот куп. Тимовите што стигнаа до полуфиналето навистина уживаа во искуството.“
Тој, исто така, коментираше за изјавата на Клоп дека Светското клупско првенство е најлошата идеја што ФИФА некогаш ја имала: „Имам голема почит кон Клоп, но тој греши и не се согласувам со него. Сите критики доаѓаат од луѓе кои не се тука. Фудбалот е за сите.
Можете да прашате во Емиратите, Јужна Африка, Австралија и сите ќе ви кажат дека е одлично искуство. Турнирот го следат целиот свет. Секако дека има проблеми, секогаш има, па и во Лигата на шампионите. Невозможно е да им се угоди на сите. Но, следното издание ќе биде подобро, а она потоа ќе биде уште подобро.“