• Горан Упале
Кошаркарите на Дубаи се последните полуфиналисти во АБА лигата. Екипата на Јурица Големанц беше подобра од Цедевита Олимпија во четвртфиналната серија и со триумфот од 85-76 ги комплетираше полуфиналните парови во регионалното натпреварување.
Во првата сезона АБА шампионатот, Дубаи избори место меѓу најдобрите четири екипи, а во битката за финалето ќе се сретне со еден од главните фаворити за трофејот Партизан. Во првиот полуфинален натпревар домаќин ќе биде евролигашот, в понеделник на 26 мај.
Во второто полуфинале, истиот ден, ќе играат Будуќност и Црвена Звезда, а првиот дуел е закажан во Подгорица во 21:00 часот. Реванш натпреварите се закажани за четврток, 29 мај, додека евентуалната „мајсторка“ ќе се игра во недела, први јуни.
За пласман во големото финале ќе бидат потребни две победи. Инаку, бранител на титулата е Црвена Звезда.