Сакаме да ја известиме јавноста за невиден преседан врз активистка, волонтерка која во низа години додека општината Струмица воопшто на никаков начин не ги третираше бездомните кучиња згрижуваше, помагаше и вдомуваше кучиња од улица велат од Анима мунди.
– Шокирани од третманот на градоначалникот Костадин Костадинов, да посегне со тужба кон општествено одговорна, емпатична девојка без трошка срам и почит што благодарение на неа бројот на бездомните кучиња во неговата општина е намален. Апсурд, срам за Основниот суд во Струмица што и покрај сите приложени докази, факти дека ЈП Лана незаконски постапувала без дозвола за работа, со нерегистрирано возило и никакви обележја што за секој со здрав разум би ја оправдало реакцијата на граѓанин. Повеќе од очигледно дека за судијата е попречување на службена должност своевремено незаконска се вели во соопштението од организацијата.
Активистката Љубица Гунчева е осудена на тримесечна условна казна и парична од околу 24 илјади денари, на име на судски трошоци и оштета за едно од лицата кое учествувало во заловувањето на кучињата во Струмица.
Гунчева на својот Фејбук профил го објави и видеото кое го снимила критичниот ден – 17. 10.2022 година на кое се гледа дека само вербално реагира на заловувањето, но не ги напаѓа лицата кои во тој момент вршеле заловување, време кога стационарот од АХВ имал забрана за работење се додека не добијат дозвола и налог да ги ослободат кучињата кои се во стационарот, но овие аргументи судот не ги зел во предвид во текот на судската постапка и сепак ја прогласил активистката за виновна за кривично дело „спречување на службено лица во вршење на службено дејствие“, во јавно претпријатие, за кое таа тврди дека се уште немало дозвола за работа.