Славески за гувернер е погребување на последната независна институција, реагира СДСМ

Од:

Остро ќе се спротивставиме на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка.Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пиун да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер, велат од СДСМ откако синоќа беше објавен предлогот на претседателката Гордна Сиљановска-Давково.

– Славевски е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој беше близок соработник и на Никола Груевски, министер во неговата влада која ги понижуваше работниците и ги третираше како ефтина работна сила. Како претседател на Советот на Град Скопје, ќе остане запаметен како лицето кое го уништи градот. Славески ги водеше битките на Мицкоски со Арсовска, откако им пропаднаа бизнис-зделките. СДСМ е длабоко разочаран и од полтронскиот однос на претседателката Силјановска. Нејзиното потклекнување пред барањата на Мицкоски е доказ дека ниту некогаш била независна, ниту пак во иднина ќе донесе независна одлука. Таа, како и сите претходни претседатели избрани од ВМРО-ДПМНЕ, е тука само за да исполнува партиски наредби. Имаше можност да застане зад сопствен избор, да промовира независна и стручна личност, но реши да ја наведне главата пред Мицкоски, се вели во реакцијата од СДСМ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во изјава за медиумите дадена при денешната посета на Желино, Мицкоски рече дека согласно Уставот обврска на претседателот на државата е да го даде предлогот за гувернер.

– Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Устав, претседателката на државата го поднесува тој предлог така што немам што да коментирам. Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано провоцираат за време на седниците на Советот на општина Кочани

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, за Младенов, за Тамара

(ВИДЕО) Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

(ВИДЕО) Петрушевски: Првин Заев, потоа Ковачевски, а сега и Филипче, го распродаваат националниот идентитет, како на пазар

(ВИДЕО) Мургашанска: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Горан Наумовски

Мицкоски: После локалните избори постои серозна опасност дали СДСМ ќе продолжи да постои