ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО Ајкула нападна нуркач – неговиот крик се слуша под водата!

Јохан Потџиетера го истражувал подводниот свет, веднаш до брегот на Јужна Африка, кога доживеал „блиска средба“ со врвната машина за убивање – голема бела ајкула.

Нуркачот носел GoPro камера, која ја овековечила средбата под вода, и можеме да видиме дека цело време држел харпун во раката.

Желбата за преживување

Додека ги истражуваше подводните карпи, Јохан не ја забележа ајкулата – сè додека не помина точно покрај неговата глава! Во видеото, можете да го слушнете како вреска и се обидува да го избрка морскиот предатор со својот харпун.

Ајкулата се оддалечува за момент, но потоа се свртува и повторно се нафрла кон него! Уште еден крик и остар замав на харпунот веројатно ја натерале да се повлече.

Воден од желбата да преживее, Јохан се упатува кон површината и додека излегува, се слуша како им вика на своите пријатели: „Бела! Бела! Пазете се од големата бела“.

Лесно можеше да настрада

Потоа погледна и сфати дека чудовиштето кружи под него, па брзо се качи во чамецот, пренесува LadBible.

„За малку ќе ме изеде“, рече тој во паниката.

Со оглед на тоа колку ненадејно се појави ајкулата, Јохан лесно можеше да биде изеден.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.