Поврзете се со нас

Англија

Ѓекереш направил избор и разорачал еден премиерлигаш

Објавено

на

foto: x.com/SportingCP

Виктор Ѓекереш е трансфер цел на повеќе европски клубови, а меѓу нив се и Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Утринава, дел од англиските медиуми предводени од „Сан“, пренесоа вест на португалски „Рекорд“, според која шведскиот напаѓач преку своите агенти го информирал клубот од „Олд Трафорд“ дека не планира повторна соработка со Рубен Аморим.

Ѓекереш размислувал за евентуалната идна дестинација и решил да му даде предност на Арсенал, што е знак дека очигледно повеќе верува во проектот на Микел Артета.

Сето ова не е гаранција дека Ѓекереш ќе го засили и Арсенал, бидејќи неговиот актуелен клуб Спортинг не планира да му дозволи трансфер без да ја добие бараната трансфер сума за својот голгетер.

Заинтересираните клубови мора да ги исполнат барањата на Португалците, бидејќи во спротивно ќе треба да се активира откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни