Куманово одново ќе има фудбалски прволигаш - Башкими по шеснаесет години се врати во елита. Во денешниот бараж одигран во Кавадарци, некогашниот освојувач на Купот на Македонија приреди изненадување и со победата над Беса (0-2) се врати меѓу најдобрите во мак-фудбалот. Творци на историската победа на кумановчани беа Саити и Алексовски, но секако, заслужни за овој успех е комплетниот тим и стручниот штаб. На спротивната страна, пак, Беса тагува и експресно се врати од каде што дојде минатото лето.