Енди Мареј добива статуа на местото каде што ги има најголемите успеси

Британската тениска легенда Енди Мареј ќе добие статуа во рамките на комплексот на Вимблдон, потврдија од клубот „Ол Ингланд“.

Мари во 2013 година ја прекина 77-годишната британска суша на Вимблдон со триумфот над Новак Ѓоковиќ во финалето, а потоа и во 2016 со победата над Милош Раониќ, ќе добие голема чест за своите достигнувања.

Од тенисот се повлече минатото лето по настапот на Олимписките игри во Париз, а поставувањето на статуата е планирано за 2027 година кога ќе се одбележи 150-годишнината од постоењето на Вимблдонскиот турнир.

Директорката на „Ол Ингланд“ клубот, Деби Џиванс, ја потврди иницијативата, која ќе го стави Мареј рамо до рамо со друга британска легенда Фред Пери чија бронзена статуа беше поставена во 1984 година на 50-годишнината од неговата прва титула.