Челси ќе му направи шампионски шпалир на Ливерпул

Екипата на Челси ќе организира шампионски шпалир за фудбалерите на Ливерпул. Тимот од Лондон ќе му биде домаќин на новиот првак во 35. коло во Премиерлигата кој се игра во недела.

Менаџерот на Челси ја потврди оваа вест, дека неговите играчи ќе му организираат шампионски коридор на новиот англиски првак.

„Ќе го направиме тоа, тоа е традиција, тие го заслужуваат тоа“, рече Мареска.

„Нашите играчи веројатно ќе помислат дека и тие сакаат еден ден да бидат таму. Што се однесува до разликите меѓу двата тима, тие се се помали како одминува времето. Се надевам дека еден ден Челси ќе ја освои титулата, па на нас ќе ни биде направен шпалир“, изјави Мареска.

Се вчитува...