Времето денеска ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Наместа во источните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи.
Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.
Максималната температура ќе достигне до 27 степени
Денес наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информираат од УХМР.