Контакт

Свет

Гор: „Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија“

Објавено пред

Поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави, Ал Гор, ја спореди администрацијата на Доналд Трамп со нацистичка Германија.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Зборувајќи на митингот по повод почетокот на Неделата на климата во Сан Франциско, тој рече дека администрацијата на Трамп се обидува да создаде своја преферирана верзија на реалноста со цел да ги постигне своите сеопфатни цели слични на нацистичката партија на Адолф Хитлер во 30-тите и 40-тите, објавува „Политико“.

„Многу добро разбирам зошто е погрешно да се споредува Третиот Рајх на Адолф Хитлер со кое било друго движење. Тоа беше уникатно зло, точка. Сфаќам. Но, постојат важни лекции од историјата на тоа зло што се појави“, рече Гор, кој беше потпретседател под Бил Клинтон.

Претставниците на Белата куќа не ги коментираа изјавите на Гор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Србија ќе го добие најстрогиот закон за безбедност во сообраќајот

Објавено пред

До крајот на 2025 година, Србија би можела да го добие најстрогиот Закон за безбедност во сообраќајот досега – со трајно одземање на возила, нулта толеранција на алкохол и алко-брави кои нема да дозволат стартување на возилото без претходно тестирање на возачот, пишува Блиц.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Новиот закон може да донесе дури 18 измени, а некои од нив ќе бидат најстрогите правила за возачи досега воведени во Србија.

Трајно одземање на возило
Една од предложените мерки се однесува на трајно одземање на возилото и трајна забрана за управување со одредени категории возила. Според Славиша Лакиќевиќ, началник на Сообраќајната полиција, трајната забрана доаѓа од фактот што во Србија постои голем број повратници во извршување на најтешки сообраќајни прекршоци. Иако постои мерка за привремено одземање, од февруари 2024 до денес се одземени скоро 400 возила – што покажува дека се потребни построги санкции.

Нулта толеранција на алкохол
Блага алкохолизираност до 0.20 промили нема да се санкционира, туку ќе се изрекуваат предупредувања и евентуално исклучување од сообраќај на 6 до 12 часа. Санкција ќе следува од 0.21 промил.

Построги казни за небезбеден превоз на деца и за пешаци со деца
Минатата година во Србија загинаа 16 деца – сите како патници. Затоа ќе се воведат многу построги казни за оние што ги превезуваат безбедносно неодговорно, особено ако имаат алкохол во крвта.

Камери што ги откриваат сите видови прекршоци
Новите законски измени ќе вклучат и камери со вештачка интелигенција кои ќе детектираат прекршоци како: некористење појаси, користење мобилен телефон, преминување на црвено светло, брзина, истечени регистрации и др. Тие ќе бидат поставени на „црни точки“ – критични делници.

Поголеми парични казни
Се разгледува зголемување на казните, воведување степенувани казни, подобрување на системот со казнени поени – со рана интервенција пред некој да стане „неодговорен возач“.

Строга контрола на премини преку железничка пруга
Законот ќе вклучува и построги мерки за почитување правила на патно-железнички премини поради зголемени смртни случаи на такви места.

Поголема плата – поголема казна
Се разгледува воведување систем каде казните ќе бидат прилагодени на приходите на возачот. Пример: лице со плата од 1.000.000 динари ќе плати многу поголема казна од оној со плата од 50.000 динари.

Прво алкотест, па старт на возилото – алко-брави
Законот може да воведе „алко-брави“ – уреди кои не дозволуваат стартување на моторот ако не се направи алкотест. Европскиот совет ги дефинира како автоматски системи за спречување управување со возило под дејство на алкохол. Во Србија, некои приватни компании веќе користат вакви уреди.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Епилог од прославата за победата на ПСЖ: двајца загинати, полицаец во кома, 192 повредени, 559 лица приведени

Објавено пред

Француските власти соопштија дека двајца навивачи починале, еден полицаец е во кома, а 559 лица се приведени во синоќешните инциденти низ Париз по победата на ПСЖ.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Повредени се 22 припадници на безбедносните сили, како и седум пожарникари.

Пријавени се 692 пожари, од кои 264 биле вклучени во возила.

На некои места избувнаа судири со полицијата, а беа употребени и водни топови и солзавец.

На плоштадот Етоил, демонстрантите ја пробија полициската бариера.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ретајо остро го осуди насилството.

„Вистинските навивачи слават, додека варварите го уништуваат градот и ја провоцираат полицијата“, рече тој на мрежата X.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Украина нападна руски бомбардери со нуклеарни бомби во Сибир

Објавено пред

Украина нападна руски бомбардери со долг дострел способни да носат нуклеарно оружје во воена база во Сибир, што е прв таков напад досега од фронтовските линии на оддалеченост од повеќе од 4.300 км.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Украинскиот извор за Ројтерс во Киев, рече дека меѓу погодените авиони имало стратешки бомбардери Ту-95 и Ту-22, кои Русија ги користи за испукување ракети со долг дострел кон Украина.

Игор Кобзев, гувернерот на Иркутск, изјави дека имало напад со беспилотни летала врз воена единица во близина на селото Средни во округот Усолски, но не ја спомена стратешката авијација.

Сепак, тој рече дека тоа е прв таков напад во тој дел од Сибир – и додаде дека бројот на беспилотни летала во нападот не е јасен. Дроновите, рече тој, биле лансирани од камион.

Воздухопловната база Белаја, или Средни, се наоѓа во близина на селото Средни и е домаќин на суперсоничен стратешки бомбардер со долг дострел Туполев Ту-22М, според деталите од отворен извор за руските вооружени сили.

Според локалните власти, имало и напад со украински беспилотни летала во регионот Мурманск во северна Русија. Воздухопловната база Олења, која исто така е домаќин на стратешка авијација, се наоѓа во регионот Мурманск, според податоците од отворен извор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Има вистина во изјавите дека Арсовска се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред изборите, вели Мицкоски

Жалам ако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, добива закани по живот и ја охрабрувам веднаш да појде во МВР, а...

Македонија11 часа

(Видео) Премиерот ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека заедно со обвинителот Коцевски го заштитува тогашниот началник на СВР Штип,...

Македонија11 часа

(Видео) Илиевски: Поради притисок од власта ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани

Родителите на починатите и повредените деца од Кочани јавно ги посочуваат виновниците во институциите, но поради политички притисок од власта...

Македонија12 часа

(Видео) Манасиевски: Модуларната болница на Филипче во моментот кога изгорела немала одобрение за поставување и употреба

Венко Филипче иако не смеел, дозволил изградба на модуларни болници со неогноотпорни материјали, рече денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член...

Македонија13 часа

(Фото) Водовод: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо

ЈП Водовод и канализација Скопје информира дека успешно е завршена акцијата за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на...

Македонија13 часа

(Видео) Јанчева: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

Наместо да се бара одговорност и да се спречат сите компромитирачки дејствија во врска со 150 дивоградби во Чаир, ситуацијата...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Грантовите за отворање сопствен бизнис, главен столб на Оперативниот план на Владата

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Преку мерки за...

Македонија15 часа

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од младинска трибина во Струмица испрати порака за обединување и враќање на европска иднина на...

Свет17 часа

(Фото+видео) Се срушија два моста во Русија – 7 загинати, десетици повредени

Два моста се урнаа во Русија во текот на ноќта, при што седум лица загинаа, а десетици се повредени. Во...

Македонија1 ден

Арсовска донесе докази во Обвинителството за дивоградба во Чаир, најави дека ќе достави за уште 150

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска во Основното јавно обвинителство ги донесе доказите за легализирана дивоградба во Чаир со фалсификат...

Македонија1 ден

(Видео) Шукова: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја,...

Македонија1 ден

(Фото+видео) Трибина за Оперативниот план 2025: Да се запре иселувањето на младите, луѓето во социјален ризик да се вработат

Младите да најдат работа во Македонија, да се запре иселувањето и да им се помогне на луѓето во социјален ризик...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност

Министерството за здравство, во времето на Венко Филипче дозволил изградба на 16 КОВИД модуларни болници низ територијата на Република Македонија,...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Урбаната мафија хара, каква корист има Мицкоски од 150 дивоградби во Чаир?

Урбаната мафија си најде нова закрила во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а кралевите на оваа мафија се дел од коалицијата на...

Македонија2 дена

Јаневска за полагањето државна матура: Фатен препишувач, си го стопира времето за цела една година

Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура. Дел од учениците...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Квазипатриотите зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши

Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, истакна од Крива Паланка претседателот на СДСМ Венко Филипче. „ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а...

Македонија2 дена

Денеска во Кочани ќе се одржи осмиот „Марш за ангелите“

Семејствата на загинатите во кочанската дискотека денеска во 16 часот и 5 минути ќе го одржат осмиот „Марш за ангелите“....

Македонија2 дена

15 илјади ученици полагаат мајчин јазик – првиот испит од државната матура

Над 15 илјади ученици кои завршуваат средно образование, денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура...

Македонија2 дена

„Провизии кои чинат животи“: ВМРО-ДПМНЕ најави серија прес-конференции за модуларната болница во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ најави серија на прес-конференции поврзани со модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица. Од партијата велат дека...

Македонија2 дена

Нема план „Б“ за Северна Македонија, вели бугарскиот шеф на дипломатијата

Бугарија ќе продолжи да се придржува до договорот од 2022 година и нема да отстапи ниту еден сантиметар од него....