Унион Берлин го освои Франкфурт (ВИДЕО)

Фудбалерите на Унион Берлин стигнаа до изненадувачка победа откако денеска славеа на гостувањето кај фаворизираниот Ајнтрахт Франкфурт со 1-2 во натпревар од 25. коло од германската Бундеслига.

Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Башуаи уште во 13. минута од мечот. Во вториот дел гостите израмнија на 1-1 преку Керфелд во 62. минута, додека целосен пресврт донесе Ву Јеонг во 78. минута.

Домаќините до крајот имаа можност да стигнат до бод, но Екитике не реализираше пенал во 95. минута.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...