Ѓоковиќ констатира: Српскиот тенис е мртов

t

Откако неодамна Светислав Пешиќ изјави дека на српската кошарка ѝ претстојат многу тешки денови, сега Новак Ѓоковиќ слично констатира и за клупскиот тенис кај нашиот северен сосед.

Разликата е во тоа што Ѓоковиќ го прогласи тенисот во Србија за умрен затоа што нема клупски активности, а со тоа и можноста да излезат нови тенисери оттаму.

„Клупскиот тенис кај нас е мртов. Партизан не се натпреварува со години, државните првенства во младински и сениорски категории, тоа е ниво кое некогаш беше многу високо и таму имаше голем број тенисери со кои спарингував, а беа подобри од мене. Тоа е еден голем проблем кој не може да го реши никој друг, освен Сојузот и се надевам дека наскоро ќе се променат некои работи. Не можеме да живееме само од успесите и да се надеваме дека ќе опстанеме уште некои шест месеци, а така се поставуваат работите и функционираат веќе 20 години. Има приватници, академии и клубови, но на национално ниво нема организација на која би можеле да се потпреме“, рече Ѓоковиќ.

Неговата кариера се ближи кон крајот, тој веќе има 37 години, а Србија нема соодветна замена или тенисер кој би можел во блиска иднина за успеси на највисоко ниво. Најголема надеж во моментов е Хамад Меџедовиќ кој кој има 21 година и во моментов е 102. на АТП листата. Во топ-100 се Миомир Кецмановиќ (53) и Душан Лајовиќ (65), но тие се веќе во поодминати години и без забележителни успеси во нивните кариери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…