logo
logo
logo

Кремљ: Средба меѓу Трамп и Путин е неопходна, но засега не е планирана

Vecer | 05.05.2025

Кремљ: Средба меѓу Трамп и Путин е неопходна, но засега не е планирана

Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во одговор на новинарско прашање дали е можна средба Трамп-Путин во Саудиска Арабија. Трамп планира да ги посети Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати меѓу 13 и 16 мај.

Песков рече дека за организирање на таква средба се потребни многу напори и во оваа фаза нема ништо конкретно.

Во исто време, портпаролот на Кремљ изјави дека одлуката на Германија да ја определи партијата „Алтернатива за Германија“ како „екстремистичка организација“ покажува дека во Европа изобилуваат рестриктивни мерки за политички сили и личности „кои не се вклопуваат во актуелната конјунктура“.

Дмитриј Песков ја изрази и загриженоста на Русија во врска со тензиите меѓу Индија и Пакистан, кои се зголемија по насилството на границата кон крајот на минатиот месец. Портпаролот на Кремљ истакна дека Москва високо ги цени односите и со Делхи и со Исламабад. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk