Бруно Фернандеш ги одби саудиските милиони

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ја одбил понудата од Ал Хилал, и сака да остане во Европа. И покрај тоа што саудискиот клуб нудеше одлична сума на пари за да го има, сепак, Португалецот засега ја отфрла можноста за преселба во оваа земја.

Фернандеш наводно сака да биде лидер на тим од Европа, па затоа се поизвесно е останување во Манчестер Јунајтед каде што има главна ролја и е капитен на екипата, и покрај тоа што имаше катастрофална сезона.

Претходно саудиските милиони ги одби и дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер кој останува дел од „кралевите“ до крајот на договорот, до јуни 2026 година.

Се вчитува...