Деловните комбинации на Викторија Бекам како инспирација за преодната сезона
•
9 март 2023
Ролка и панталони во широк крој со висок струк – толку е едноставно.
Овие две парчиња ја сочинуваат есенцијата на деловниот стил на Викторија Бекам, што може да ви послужи и како инспирација за вашиот бизнис изглед за преодната сезона.
Функционалноста на овој изглед овозможува и лесно комбинирање со други парчиња од деловниот плакар, како што се блејзерот или класичната кошула.
За визуелно да ја издолжите фигурата, овој тип на панталони со широки ногавици комбинирајте го со високи потпетици или чевли на платрформа.
Во интерес на времето, кога се подготвувате за работниот ден пред вас, доколку немате идеја што да облечете, оваа стилска формула на Викторија Бекам секогаш нека ви биде една сигурна опција.