Излезните анкети покажуваат дека опозициските конзервативци предводени од Фридрих Мерц ќе победат на германските избори, а канцеларот Олаф Шолц и неговите социјалдемократи ќе претрпат најголем пораз по Втората светска војна.
Блокот ЦДУ/ЦСУ на Мерц освои 28.9 отсто од гласовите, по што следи Алтернативата за Германија со 19.7 отсто, според проценките на јавниот радиодифузен сервис АРД. Социјалдемократите завршија на третото место со 16.1 отсто , што е најлошиот резултат на партијата од Втората светска војна.
„Победивме на овие избори“, рече Мерц пред радосната толпа во седиштето на ЦДУ во Берлин, велејќи дека коалициската влада мора да се формира што е можно поскоро. „Светот надвор нема да не чека – и нема да чека долготрајни коалициски дискусии“.
Прочитај повеќе

Избори во Германија - анкетите укажуваат на победа на Мерц
40 отсто од гласачите се постари од 60 години
23.02.2025

Германците бараат канцелар кој ќе направи чудо
И покрај тоа што според сите последни анкети, СПД на Шолц има половина од поддршката од ЦДУ-ЦСУ, Шолц го обвини Мерц дека е премногу самоуверен.
21.02.2025

Германија оди во десно и без АфД на власт
Две недели пред предвремените парламентарни избори се одржа ТВ-дуел меѓу двајцата најсериозни кандидати.
11.02.2025

Германскиот DAX индекс на рекордно високо ниво. Што го поттикнува растот?
И покрај економската контракција на Германија, берзанскиот индекс DAX е на рекордно високо ниво
21.02.2025
„Блумберг“ известува дека конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ предводен од Мерц и СПД предводен од досегашниот канцелар Шолц би можеле да имаат доволно места за парламентарно мнозинство во двопартиска коалиција, покажува излезната анкета на АРД, но тоа ќе зависи од конечниот состав на Бундестагот.
Екстремно десничарската Алтернатива за Германија е на второто место според излезните анкети и се чини дека ќе стане главната опозициска сила во парламентот.
Следниот лидер се соочува со предизвикот да ја заживее економијата која од економски мотор на Европа стана заостаната. Владата исто така, ќе треба да се справи со променетиот политички пејзаж под американскиот претседател Доналд Трамп.
Текстот е ажуриран со најнови податоци од излезните анкети и изјавата на Фридрих Мерц