24.8 C
Скопје
09:44 - 20 јули, 2025

Хорот на о.у. „Кочо Рацин“ со нова победа: „Во срцето на Италија се слушна македонската песна“

Хорот на основното училиште „Кочо Рацин“ од Скопје го освои првото место на фестивалот Соправиста во Венеција, светски куп на фолклорот.

Олег, Софија, Мартин, Мина, Меглена, Александра и Јана под менторство на наставничката по музичко образование Наташа Митрова беа прогласени за победници во натпреварот меѓу 500 учесници од 12 земји.

„Победнички, силно, достоинствено, храбро, смело… во срцето на Италија се слушна македонската песна. Песна, која и не само италијанското срце, туку и срцето на многу земји го обои во црвено – жолти нијанси. Неверојатно е чувството да се слушне името на татковината Македонија, но победнички. Замислете, 7 мали деца ја направија татковината горда, го направија гордо и своето училиште, својот училиштен дом“, изјави Митрова.

Потстетуваме, минатата година хорот победи на натпреварот во Римини, Италија.

Слични објави

Хороскоп за 20 јули: Водолиите ќе имаат нова љубов, Девиците ќе одат на патување со саканата личност

Еспресо

„Се бакнуваа и се галеа“: Најбогатата пејачка на Балканот по разводот уловена на јахта со 17 години помладиот „Господин совршен“

Еспресо

Ѓорѓе Балашевиќ, откако задоцнил на сопствената венчавка, на матичарот му ги понудил клучевите од колата

Еспресо

(Фото) Северина го подигна вечерниот гламур на највисоко ниво – малку е да се каже дека фустанот е драматичен

Еспресо

Чомбе од „Луд, збунет, нормален“ ги живее најтешките денови: „Многу пати ми кажа дека ме сакаш…“

Еспресо

Здравко Чолиќ одбил да настапи за 50.000 евра: Не се согласил поради една причина

Еспресо