Барселона го продолжи договорот со шпанскиот репрезентативец

Барселона и шпанскиот репрезентативец Џоел Пара ја продолжија соработката. Новиот договор ќе важи до јуни 2028 година, објави каталонскиот клуб.

Пара веќе имаше важечки договор до 2027, но двете страни се договориле за продолжување уште една сезона.

Крилниот кошаркар пристигна во Барса летото 2023 година од редовите на Хувентуд, а минатата сезона запиша 31 настап во Евролигата со просек од 4,9 поени и 2,8 скокови по меч.

Вкупно досега има 136 натпревари во дресот на Барселона во сите натпреварувања.