Петар Ристески Пеката: Потпишав пристапница, но не станав член на СДСМ

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2025 09:23
Пратеникот од Прилеп рече дека тоа го направил во 1999 од инает на владеењето на тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Љубчо Георгиевски.
- Потпишав пристапница, но никогаш не сум стапнал во просториите на СДСМ Прилеп ни каде било. Ова беше патриотски нагон и бев студент на стоматолошкиот факултет, ги следев секојдневните настани и со патриотското чувство секогаш поблиска ми била десничарската идеологија, но тогаш ме иритираше бугарофилското делување што го почувствував како студенти тоа ме изреволтира.
Во претседателскиот изборен круг ми сметаше многу гласање на сто души во една секунда, единствено беше нагонот патриотски, кога видов дека ниту СДСМ не се придржува до политиките за кои повикуваше и тогаш воопшто не се ни вклучив таму. Не сум бил на митинзи на СДСМ, телефонски сум бил повикуван да ја земам книшката, но не сум отишол да ја земам, рече Ристески.
За неговата неподносливост со лидерот на Левица, Димитар Апасиев,не сакаше да признае дека имало физички контакт при последниот инцидент во Собранието кога камерите снимија искршен филџан и истурено кафе по ѕидовите. Тој демантираше дека тогаш го фатил Апасиев за врат.
- Не, немаше ни вербална агресија, имаше замолница од мене , се сретнавме случајно, подолго време делува така како што делува и го урива авторитетот на Собранието со неговите настапи и вокабулар и лично јас како пратеник сум се почувствувал изреволтиран и навреден.
Во такви моменти треба да одлучите дали ќе паднете на такво ниво, , дали да го прифатиме неговиот стил или да го зачуваме достоинството. Да се носат закони и да се носат идеи - за такви работи е Собранието.
Се работи за лик кој е болен за медиумско внимание, подолго време по социјалните мрежи , па во јавни настапи и слично, и затоа дојдов и физички контакт немало, само го замолив да престане со таквите активности, кажа Ристески.
Пратеникот на прашањето зошто наплаќа патни трошоци од Собранието, кога има стан во Скопје, рече дека не му е дограден.- Станот што го имам пријавено не постои, пред една година уплатив стан во населба Кисела Вода во зграда која не беше започната со градба пред една година, ова е зградата во која се наоѓа тој стан во кој сум требало да живеам за да не правам патни трошоци. Имам само уплатено, но зградата е во градба
Јас не би живеел во Скопје, јас прифатив да патувам, јас сум од Прилеп, го сакам Прилеп, семејството ми е таму и ги застапувам интересите на граѓаните од Прилеп. Кога станав пратеник платата беше 1.000 евра, повеќе заработував како стоматолог, додаде тој.
Можеби ќе ве интересира
„МОЛЧИ ВЛАДАТА, МОЛЧИМЕ И НИЕ“: семејствата на починатите во дискотеката „Пулс“ и денеска излегоа на улиците низ Кочани

(ОБНОВЕНО) ПОЖАР ВО ФАБРИКАТА ЗА МУНИЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД - на терен веднаш се испратени противпожарните екипи
„СЕДИ БОБИ КЕЦ“: Арсовска со критика до градоначалникот на Гази Баба, ама и тој и одржа „повратна“ лекција

„БАЈАЧ“ ОД ТРУБАРЕВО ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - успеал да извлече 400 илјади евра од брачен пар од Берово

ЗАГИНА 17-ГОДИШЕН МОТОРЦИКЛИСТ ОД КИЧЕВО - повеќе сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие

„Незаконски се приклучил на мрежата за питка вода за да наводнува НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ метри квадратни пластеници“: Арсовска со шокантна објава

„НАЈДОБРИ ЗА СЕМЕЕН ОДМОР“: еве кои македонски градови се најдоа на листата

„Со Муцунски на чело на МНР се најавува и најголемиот срам - бришење на македонскиот јазик“: Жерновски со остра критика
