1019 hPa
77 %

14 °C
Скопје - Вто, 20.05.2025 00:29
Белорускиот продемократски активист, добитник на Нобеловата награда за мир, Алес Бјалијатски, е осуден на 10 години затвор, според групата за права „Вјасна“.
10-годишната затворска казна наиде на осуда како „срамна неправда“ од страна на главниот опозициски лидер Свјатлана Циханускаја.
„Алес го посвети својот живот на борбата против тиранијата. Тој е вистински херој на Белорусија и ќе биде почестен долго откако диктаторот ќе биде заборавен“, рече таа.
Бјалијатски беше осуден заедно со колегите активисти за човекови права Валијанцин Стефановиќ кој доби деветгодишна затворска казна и Улаџимир Лабкович кој доби седумгодишна затворска казна.
Кој е Алес Бјалијатски?
Алес Бјалијатски беше еден од водачите на демократското движење во Белорусија во средината на 1980-тите и продолжи да води кампања за човекови права и граѓански слободи во авторитарната земја. Тој ја основа невладината организација „Центар за човекови права Вјасна“ и ја освои наградата , понекогаш наречена „Алтернативна Нобелова награда“, во 2020 година.
Бјалијатски беше приведен по протестите таа година против реизборот на белорускиот претседател Александар Лукашенко, близок соработник на Путин.
Нобеловиот комитет, исто така, во тоа време рече дека биле свесни за можноста дека со доделување на наградата на Бјалиатски, тој би можел да се соочи со дополнителна контрола од властите во Белорусија.
Извор: online Nova Tv