logo
logo
logo

Како Илон Маск ЗА ТРИ ДЕНА ПАК СТАНА НАЈБОГАТ НА СВЕТОТ

Vecer | 31.01.2024

Како Илон Маск ЗА ТРИ ДЕНА ПАК СТАНА НАЈБОГАТ НА СВЕТОТ

Илон Маск повторно е најбогатиот човек на светот, откако го престигна извршниот директор на LVMH, Бернард Арно, кој три дена беше на врвот на листата.

Ова денеска го објави Форбс во својата листа на милијардери.

Овој медиум забележува дека тоа се случило бидејќи акциите на компанијата Тесла забележале сериозен раст, по големите падови во изминатата недела.

Богатството на јужноафриканско-американскиот бизнисмен се зголеми вчера за 5,5 милијарди долари, со што неговото проценето богатство се зголеми на 210 милијарди долари, објави Форбс.

Францускиот милијардер Бернар Арно е втор со 208,5 милијарди долари.

Ваквиот голем скок на активата на Маск е резултат на речиси 4,2 отсто зголемување на цената на акциите на Тесла, која достигна сума од околу 176 долари, откако минатата недела падна на 192 евра поради лошите квартални резултати.

Арно го престигна Маск минатата недела бидејќи акциите на LVMH пораснаа за повеќе од 13 проценти во петокот, по извештаите за силна продажба во 2023 година.

Основачот на Амазон Џеф Безос е далеку зад нив на третото место на листата на милијардери на Форбс со проценето богатство од 170 милијарди евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk