Мусети избегна дисквалификација, па го „исчисти“ Тиафо

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети патува во полуфиналето на Ролан Гарос, со победа над Франсис Тиафо во меч со четири сета.

Дуелот во Париз понуди драма, а заврши со победа од 6-2, 4-6, 7-5, 6-2 на Италијанецот. Вкупно мечот траеше скоро три часа, а го одбележа и еден контроверзен момент кој предизвика полемики.

Имено, за време на текот на вториот сет, изнервиран од малку полошата игра, Мусети ја шутна топката, а таа го погоди рамото на линискиот судија. Тенисерот доби опомена за своето однесување, а многумина имаат дилема, дали Италијанецот требало да биде дисквалификуван за овој потег.

Во полуфиналето на Ролан Гарос, Мусети ќе игра со Пол или Алкараз.

ФОТО/PHOTO: Roland Garros/Twitter/X