За свадбата на фолк ѕвездата Теа Таировиќ се зборува со денови, а како што пишуваат српските медиуми, таа во четврток на 24-ти април ќе му се заколне на вечна љубов на својот партнер Иван.
Венчавката ќе се одржи во строга тајност, во родниот Нови Сад, а таа ги покани само најблиските роднини и пријатели.
Меѓу нив само една колешка – пејачката Сања Вучиќ.
Теа Таировиќ од првиот ден од кариерата се обидува да го сокрие својот приватен живот од очите на јавноста, поради што реши да ја направи својата венчавка без многу внимание.

Таа пред неколку месеци организираше се во строга тајност, а блиските луѓе ги замоли никому да не откриваат детали.
Теа пред емотивниот чин со своето момче заминала во Дубаи каде имала закажан настап, а потоа заедно се одмориле неколку дена. Потоа се вратија во Белград, со цел да ги направат последните подготовки пред важниот настан.
Да потсетиме, Теа Таировиќ е во врска со Иван околу 2 години.