Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Автор: Владимир Николоски

7 април 2025, 13:07

Забрзува растот на цените

Во последното тримесечје од 2024 година растот изнесуваше 10,6 проценти

Колку е оправдан растот на цените?

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Новоградба во центарот на Скопје Извор: Блумберг Адрија

Владимир Николоски

Народната банка бележи значителен годишен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првите три месеци од 2025 година. Станува збор за забрзување на растот на цените на становите ако се земе предвид дека во последното тримесечје од минатата година становите во главниот град поскапеа за 10,6 проценти.

Како Народната банка го пресметува движењето на цените на становите

Индексот на цените на становите е изготвен од страна на НБРСМ за територијата на Скопје. Индексот е изготвен врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности. Пресметката на индексот е направена преку хедоничкиот метод, а фреквенцијата на индексот е со квартална динамика.

„Хедоничките ценовни индекси се базираат врз хедоничките ценовни модели, според кои цената на еден производ е функција којашто произлегува од неговите карактеристики. Цената на станот е функција којашто произлегува од големината на станот, населбата во која се наоѓа, катот, од тоа дали станот има централно греење и од тоа дали станот е нов. Основната предност на хедоничкиот метод при конструкцијата на ценовните индекси во однос на конвенционалните методи (кои се темелат врз следењето на цената на еден ист производ низ време) е експлицитното препознавање на влијанието на квалитетот врз цената“, се наведува во објаснувањето од Народната банка.

Според НБРСМ, хедоничките индекси овозможуваат пресметување на чистата промена во цената, односно промена во цената којашто не е резултат на подобрувањето на производот.

„Токму заради ова, овие ценовни индекси најчесто се пресметуваат за производи коишто рапидно се менуваат - високотехнолошките производи, компјутерите, автомобилите, но и становите“, укажуваат од НБРСМ.

Над милијарда евра се свртеле лани во недвижности, продажните цени енигма

„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека во секторот недвижности лани за првпат се свртеле над милијарда евра. Податоците од Агенцијата за катастар за 2024 година покажуваат дека биле извршени вкупно 22.548 трансакции, а нивната вредност изнесува 1.006.685.832 евра.

Близу половина од вредноста на купопродажбите или над 490 милиони евра отпаѓа на становите, а во текот на 2024 година биле купени 8.018 стана. Во однос на 2023 година биле продадени 500 стана повеќе, но нивната вредност била поголема за 60 милиони евра.

 

Во податоците што „Блумберг Адрија“ ги побара од катастарот нема детали за тоа во кои општини се продавале најскапите станови, ниту пак е наведена просечната цена на квадратен метар во земјава. Ваквите податоци порано се објавуваа во рамките регистарот за цени и закупи, кој не е ажуриран од третиот квартал во 2020 година. Сегашното раководство на катастарот не ги знае причините зошто процесот прекинал, но вели дека ќе го врати во живот од следниот месец.

„Во моментов активно се работи на повторно воспоставување на процесот и подготвување на деталните квартални извештаи од Регистарот на цени и закупнини и во текот на април ќе биде објавен деталниот квартален извештај за првиот квартал од 2025 година“, ни одговорија од катастарот.

Каква е понудата на станови?

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда. Во градот допрва ќе се „пуштаат во погон“ или се почнати со изградба огромни висококатници или, пак, вистински „ресорти“ со по неколку стотини станбени единици. Да ги спомнеме само четирите висококатници на „Лимак“, кои се веќе практично при крај, новите облакодери спроти „Холидеј ин“  на „МГ Фешн“, големиот комплекс кај поранешна „Македонија табак“  со над 500 стана, 17-катницата што ЗСФ ја прави кај болницата „8 Септември“...Само во овие неколку набројани локации има најмалку 2.500 станбени единици, чија просечна цена не е под 2.000-2.300 евра за квадрат.

 

Податоците од „Ценаквадрат“ покажуваат дека во скопската општина Центар само во последниве два месеца просечната цена на квадратот отишла нагоре за околу осум проценти, од 1.850 на над 2.000 евра. Уште подрастично е во Карпош, каде што просечната цена е качена од околу 1.600 евра во периодот септември-октомври 2024 година на 1.950 евра во моментов, односно за цели 18 проценти. Во Аеродром, третата најскапа општина во Скопје според цената на станбениот квадрат, во моментов просекот изнесува околу 1.650 евра.

Може ли државата да ги стабилизира цените

Државата, преку јавното претпријатие за станбен и деловен простор (АДИССДП), најави засилени инвестиции во изградба на комерцијални станбени згради, со цел да се намали цената на станбениот квадрат.

„Веќе извесен период пазарот на недвижности се соочува со експлозија на цените на станбениот квадрат. Секако дека побарувачката го диктира порастот, но време е да му се стави крај на самоволието на приватните градежници“, изјавија неодамна АДИССДП за „Блумберг Адрија“. Со изградбата на поевтини станови, оттаму се надеваат дека „во вистинска смисла може да влијаат врз пазарот на недвижности нудејќи реални цени на становите“.

„Притоа, треба да имаме предвид дека нам ни е потребна изградба на поголем број комерцијални станбени згради, за што ќе ни треба и повеќе време“, додаваат од јавното претпријатие.

Во моментов во фаза на градба е комерцијална зграда во градската четврт Даре Џамбаз, кај „старата воена пекарница“ на Јужен булевар во Скопје. Објектот има 112 станбени единици и тие се веќе продадени, велат од јавното претпријатие. Овие станови на првото јавно наддавање одржано на почетокот од 2024 година достигнаа цена од околу 1.600 евра за квадрат, а почетната цена беше 1.450 евра. На второто наддавање, одржано во јули, цената стигна и до 1.916 евра. И оваа цена е сѐ уште значително пониска од онаа на становите чии инвеститори се приватни фирми, а се наоѓаат во близината на оваа локација, кои достигнуваат и по 2.300-2.500 евра за квадрат.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите