ФОТО: „Шверцерите“ со кореографија во Чаир го пецнаа лутиот ривал

Екипата на Шкупи е домаќин на Вардар во градската пресметка, а стадионот Чаир е речиси полн затоа што се работи за локално дерби за голем престиж.

Навивачите „Шверцери“ се единствените на трибината, додека „Комитите“ не добија дозвола да гостуваат на дуелот затоа што се работи за меч од висок ризик и се стравува од инциденти од поголем размер.

За време на средбата, „Шверцерите“ направија кореографија со која го пецнаа големиот ривал Вардар и „Комитите“. Како тоа изгледаше, погледнете во продолжение...