Радио Милева Се бара мачка доилка

Емра Куртишова со молба до следбениците: „Бебето вчера го спасивме, беше заглавено помегу два ѕида од зграда, нема мајка го хранам на секои дава часа“

Емра Куртишова со молба до следбениците:  „Бебето вчера го спасивме, беше заглавено помегу два ѕида од зграда, нема мајка го хранам на секои дава часа“

Актерката Емра Куртишова која ја глуми Исаура од популарниот македонски сит-ком проект „Преспав“, се огласи на  кратката приказна на социјалната мрежа Инстаграм каде што е редовно активна.  Но, овој пат таа не сподели ништо поврзано со нејзината кариера туку имаше барање до сите нејзини следбеници доколку се во можност да помогнат за конкретната ситуација во која таа се затекнала.

Имено Емра покажа уште еднаш дека има голема љубов кон животните и откри дека спасила бебе маче заглавено помеѓу два ѕида од ограда, по што започнала да го  храни  со замена за мачкино млеко на секои два часа.

Сепак,  актерката се сетила да сподели и на социјалните мрежи па доколку случајно некој  има мачка доилка веднаш да и се јави.

– Итно: Се бара мачка доилка! Бебето вчера го спасивме беше заглавено помегу два ѕида од зграда. Нема мајка го хранам со замена за мачкино млеко на секои дава часа. Ве молам доколку познавате некој што има мачка доилка, напишете ми во порака  – гласеше нејзината молба до Инстаграм пријателите, кои веројатно веднаш ја забележале нејзината најнова објава на приказната.

Инаку Емра е реализирана мајка на ќеркичката Лена која ја доби со актерот и колега Петар Стојанов.  Таа еднаш објави неколку слатки моменти од секојдневието  со наследничката и покажа дека и нејзе и ја всадува љубовта кон животните.Тие тогаш позирааа со домашното милениче во дворот и создадоа спомени за паметење.

Додека таа сама често знае да се фотографира со животните  додека ги  држи во прегратка и покажува колку ја сака.

Инаку, Емра работи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје и е позната и кај помладата публика.

фото: printscreen/instgaram

To top