21.8 C
Скопје
02:35 - 15 јули, 2025

(Фото) Јелена Карлеуша сподели тажна вест: Заспа мојот лав и голем борец

Јелена Карлеуша денеска на својот Инстаграм профил објави тажна вест.

Имено, таа ги известила своите следбеници дека нејзината мачка Цицан денеска починала.

На фотографијата што ја објави се гледа како ја држи мачката во рака и напиша емотивна порака.

– Мојот Цицан заспа. Мојот лав и голем борец – напиша Јелена и стави емотикон со скршено срце.

Да потсетиме, Јелена пред две недели сподели со сите на социјалните мрежи дека покрај нејзиниот мачор и мачката има леукемија кај мачки.

– …Пеколот да ми биде поголем, од моите пет мачки, покрај Цицан, и мојата Цицојка има леукемија. Леукемијата кај мачки не е како човечката леукемија, затоа што едноставно се нарекува така, инаку тоа е смртоносен вирус, а не рак. Останатите три мачки се тестираат. Мојот Цицан се бори како лав, но секој ден е сѐ полош и покрај терапиите. Неговиот стомак постојано се полни со вода – објаснила ЈК на Инстаграм во потрага по алтернативни решенија, со намера „да го спаси или барем да му го продолжи животот“.

– Решение мора да има – напиша тогаш Карлеуша.

Како што е веќе познато, пејачката е голем поборник за заштита на животните, па во својот дом има неколку посвоени миленици.

Слични објави

Игор Којиќ се разведува од 15 години помладата Софија по 5 месеци брак: Сфатија дека не се еден за друг

Еспресо

(Фото) Мами воздишки! Весна Ѓогани се соблече во минијатурно бикини и ја покажа тетоважата на задникот

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Аница Лазиќ: Девојката на Лазар Ристовски сподели убави вести, блеска од среќа во розов фустан

Еспресо

Драган ја напушти Јована во најтешкиот период: Водителката прв пат јавно проговори за разделбата

Е.А.

Судбинска средба: Никола Станишиќ откри дека неговиот „соборец“ од финалето му е братучед

Еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ позира во костим за капење: Водителката на 51 година ја покажа својата неверојатна фигура

Е.А.