Ивана Атанасовска од Прилеп и Милена Ангелова од Делчево
освоија бронзени медали во категоријата на индивидуален тест на знаења и тоа
помеѓу 140 ученици од 35 држави од сите континенти. Михаела Павловска од
Македонска Каменица освои сребрен медал, а Атанас Ташковски од Крушево бронза
во категоријата за интернационална тимска презентација.
Честитки за учениците, нивните родители, наставници, а
секако и до Македонското географско друштво (МГД) и неговиот претседател кој
придонесе во организација на целиот национален процес од државните натпревари,
преку соодветната логистика, помош околу спонзорства и др. Јас, како главен
ментор, заедно заедно со колегата ментор Свемир Горин, се потрудивме за тие
кратки 2 месеци да ги подготвиме децата најдобро што може, да ги организираме
до овде (Кина) и соодветно да ја претставиме нашата Македонија пред 300
ученици, ментори, наставници, професори, истражувачи. Одиме понатаму, изјави
проф. д-р Ивина Милевски, еден од водачите на тимот.