Унгарија доби нов претседател, го избра парламентот

26. 02. 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Унгарија доби нов претседател, го избра парламентот

Се очекува Суљок да ја преземе функцијата на 5 март, пренесува Ројтерс.

Пратениците претходно едногласно ја прифатија оставката на претседателката Каталин Новак.

Новак поднесе оставка поради скандалот што избувна на почетокот на февруари, кога се дозна дека пред посетата на папата Франциск на Будимпешта во април 2023 година, таа го одобрила барањето за помилување на поранешниот заменик-директор на сиропиталиште, кој бил осуден за прикривање на сексуална злоупотреба на деца.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата