Менаџерот на Манчстер Сити, Пеп Гвардиола искажа суперлативи за крилниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал. Тој рече дека сака да го тренира овој играч, но дека тоа нема да се случи.
Гвардиола е тренер на Сити, додека Јамал неодамна потпиша нов договор со Барселона до 2031 година, со што Пеп ги отфрли сите можности за негов евентуален „кам-бек“ во Барселона.
„Би сакал да го тренирам Јамал, но за жал, тоа нема да се случи“, рече Гвардиола.
17-годшниот Јамал сезонава постигна девет гола и запиша 13 асистенции во 35 меча во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА