Проја со сирење која се мери „со чаша“: Вкусна и мека, прсти да излижете

popara5 мај, 20251min00
106547_proja-1_f

Неопходно е:

2 чаши пченкарно брашно
1 чаша бело брашно
1/2 чаша масло
1 чаша кисела вода
1 чаша кисело млеко или јогурт
3 јајца
500 гр полномасно сирење
1 прашок за пециво
малку сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Во сад измешајте брашно, масло, кисела вода, јогурт, јајца, сирење, прашок за пециво и сол. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење и распоредете ја. Печете ја пројата со сирење околу половина час, или додека не порумени, во загреана рерна на 220 степени. Исечете и послужете.