Руте: Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина

15. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руте: Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина

- Украина е подготвена за прекин на огнот и итни преговори, додаде Руте кој во турскиот туристички град Анталија учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи од земјите членки на НАТО.

- Сега е ред на Русија да гарантира дека ќе ги направи следните неопходни чекори, рече Руте.

Почетокот на директните преговори Русија – Украина е предвиден за денеска во 10:00 часот во Истанбул.

Министерката за надворешни работи на Летонија, Бајба Браже, изјави во Анталија дека не се гледаат никакви знаци дека Русија сака мир во Украина и оти е важно да се ослабат воените способности на Москва.

- Ослабувањето на воениот капацитет на Москва е најдиректниот и најевтиниот начин за постигнување мир во Украина, рече Браже.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата