09.07.2025 09:33
Вести Македонија Топ вести

Најниска температура на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија

Со измерени – 1 степен, најстудено утрово е на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, додека 7 степени Целзиусови се измерени во Гевгелија.

Во Маврови Анови се измерени 0, 1 степен во Тетово, 2 Прилеп, Битола, Охрид, 3 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Берово и Претор, 4 степени во Велес, Дебар, Штип, Виница и 5 степени во Демир Капија и Струмица.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Дебар 53 литри на метар квадратен, 38 во Охрид, 32 Маврови Анови, 24 Лазарополе, 17 Крушево, 15 Претор, Пожаране, 10 Тополчани, 9 Тетово, Попова Шапка, 8 Виница, 7 Скопје-Петровец, Прилеп, Битола, 6 Берово, 5 Штип, 4 Крива Паланка, Куманово, Пожар, 3 во Скопје-Зајчев Рид, 2 Кавадарци, Велес, Струмица и 1 во Демир Капија.

Висината на снежната покривка во 07 часот била 47 сантиметри на Попова Шапка, 27 Маврови Анови и 7 сантиметри во Крушево.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)„На македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но вас за да го признаете тоа Ви треба чесност и интегритет“, рече словенечката европратеничка Ирена Јовева

Дејан Дејан

Почнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Интерпелација за претседателот на Уставен пред пратениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе