Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Касано со критики за калчолигашот: Интер не може да игра така…

Објавено

на

Барселона и Интер одиграа драматичен натпревар во Лигата на шампионите, натпревар кој понуди многу возбудувања, шест гола и конечно реми од 3-3 што е најава за добар реванш во Милано наредната седмица.

Се е отворено и тоа јасно покажува дека шансите на двете екипи за пласман во финалето во Минхен се 50/50. Комплетната фудбалска јавност беше воодушевена од тоа што го виде на „Можуик“, а задоволен беше и вечниот критичар Антонио Касано.

-Какoв меч: величествен, прекрасен. Со оглед на важноста на натпреварот, ова беше најубавата од целата Лига на шампиони. Вистински, интензивен предизвик на високо ниво, -реча Касано кој имаше критики за Интер.

-Кога велам дека Барса е единствена и дека никогаш повеќе нема да биде видена, тоа е затоа што успеваат никогаш да не им дозволат на противниците да ја видат топката. Тие се извонредни во нивното дриблинг, во контролирањето на играта. Интер мораше да се рестартира три пати во текот на натпреварот. Силен тим како Интер не може да си дозволи да игра вака. Беше сериозен натпревар, но екстра-дефанзивен. Тие се најсилниот тим во Италија, но не можат да се претстават играјќи така во Европа.

-Бев разочаран од квалитетот. Средниот ред на Интер е силен, но беа надиграни од Барселона во однос на идеите, квалитетот, брзината. Некои од пофалбите треба да се преиспитаат. Бастони и Барела се одлични играчи, но вчера ги видовме нивните ограничувања, -порача некогашниот ас на „нероаѕурите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни