1020 hPa
77 %

13 °C
Скопје - Саб, 31.05.2025 06:07
Ако ова е револуција во боја во Русија, тоа е бојата на парите, напиша на Твитер поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, реагирајќи на случувањата во Русија и обидот за државен удар, кој го предводи паравоената формација Вагнер, на чело со Евгениј Пригожин, против претседателот на Русија, Владимир Путин.
Каспаров напиша: „Крадците се борат против насилниците за земја, ресурси и моќ. Пригожин би можел да заврши мртов или како Кадиров, повторно купен за убиство за режимот. Помеѓу крадците и убијците нема чест“.
Смета дека дури и повеќе од вообичаеното, сè што излегува од Кремљ и воопшто од Русија, во суштина е лага.
„Тоа е инстинктивно и станува збор за контрола. Таквите луѓе не би признале дека се дават покрај спасителот. Не дозволувајте каква било мафијашка претстава која сега е на отворено во Русија да ви го одврати вниманието од целта на украинската победа. Време е за забрзување, а не за колебање. Ако се сложувате дека во Русија е идеално 'да изгубат сите', патот до тоа е победата. Слава на Украина“, пишува Каспаров.
Како што додаде, ќе има обиди внатрешните конфликти да се користат како изговор за прекин на огнот, ублажување на санкциите и други шаради со цел на Русија да ѝ се даде време да се регрупира и повторно да се опреми додека ја окупира украинската територија и го продолжува теророт.
„Не. Кој и да ја задржи контролата, Путин или некој друг, ќе биде соочен со закани и нестабилност. За слободниот свет од витално значење е на убијците да не им се нуди никаков спас. Не очекуваме дека демократијата и слободата ќе процветаат наеднаш, но не може да има договор со руските воени злосторници“, смета тој.
Според неговите наоди, како што се множат украинските победи, сè повеќе ќе се вперува со прст кон руските фракционери кои ќе го држат прстот на орозот.
„Кулите со лаги ќе се срушат и ќе се изградат нови, помали. Поразот ќе биде негиран, ќе бидат обвинети ривалите, па лажната победа ќе ја прогласат преживеаните. Што и да се случува сега веќе е јасно дека Путин не е во состојба да ја контролира секоја фракција или да ги задржи конфликтите на тивок или барем ненасилен начин како што главно можеше претходно“, заклучи Каспаров.
Гари Каспаров отсекогаш беше жесток критичар на владејачкиот режим во Русија, тој по завршувањето на својата шаховска кариера во 2005 година изјави дека сака да ѝ се посвети на политиката и борбата против „диктаторот Владимир Путин“.
Превод: Алек Кузмановски
Карикатури: Patrick Chappatte
Извор: https://www.danas.rs/