Облачно со повремен слаб снег

Во вторникот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец.

Утринските темпераури се движат меѓу минус 6 и 1, додека највисоките дневни ќе бидат во опсегот меѓу минус 2 и 7 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 5 степени.