ДУИ: Владата создава „нов спор за името“ кој треба да ја држи Македонија надвор од евроинтегративните процеси

ДУИ порачува дека владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски воопшто не се грижи за европскиот пат на државата. Тврдат дека иако беше претставен како прв приоритет, премиерот и неговиот најблизок круг целосно се откажале од европското досие, и тоа веќе не го кријат во нивните настапи.

-Не само со небулозното одбивање на уставното дополнувања со неколку малцинства, туку премиерот наоколу се фали дека новата влада успеала да ја надмудри и Грција во изигрување на преспанскиот „ерга омнес“ и се фали дека сѐ помасовно се изоставува делот „Северна“ од името на земјава, порачаа од ДУИ.